Wednesday, March 27, 2013

Планетата Земја

Земја

Поглед на Земјата; снимката е од 1972 направена од Аполо 17. Оваа снимка е единствена по тоа што покажува целосно осветлена земјина полутопка
Земјата е единствената планета за која денес се знае дека има живот. Нејзините природни одлики се предмет на проучување на многу научни дисциплини. Во сончевиот систем таа е третата најблиска планета до Сонцето; воедно е најголемата земјовидна планета и петтата најголема од сите планети. Нејзини најзабележливи климатски одлики се двата поларни региони, двата релативно тесни умерени појаси, како и широкиот екваторијалентропски и суптропски регион.[ Врнежите се различни во зависност од местото, се движат од неколку метри вода годишно до помалку од милиметар. 71% од површината на Земјата е покриен со соленоводни океани. Остатокот се состои од континенти и острови, при што најнаселена е северната полутопка.
Земјата еволуирала преку геолошки и биолошки процеси кои оставиле траги од првобитните услови. Надворешната површина е поделена на неколкутектонски плочи кои постепено се поместуваат. Внатрешната останува активна, со дебела обвивка од пластична мантија и јадро исполнето со железо кое генерира магнетно поле.
Атмосферските услови се значително изменети од првобитните преку дејството на живите организми] со што се создава еколошка рамнотежа која ги стабилизира условите на површината. И покрај широките регионални варијации во климата со зголемување на географската широчина и други географски фактори, долгорочната просечна глобална клима е доста стабилна за време на интерглацијалните периоди, а варијациите од степен или два на просечната глобална температура имале големи ефекти на еколошката рамнотежа, како и на сегашната географија на Земјата.

Што е природа?

Во најширока смисла природа означува природна средина, материјален свет. Латинскиот збор за природа е natura, кој е превод од грчкиотфизис (φύσις) и означува природни нешта, нешта од природен карактер. Природата се дели на жива и нежива и се разликува од вештачки создадените предмети од страна на човекот.




Концептот за природата како целина, физичка вселена, е едно од неколкуте проширувања на првобитното значење; тој започнал да се користи од страна на претсократовските филозофи и оттогаш се увидела неговата прецизност и започнал нашироко да се употребува. Ваквото поимање на природата е потврдено од современиот научен метод во последните неколку векови.
Денес најчесто во „природа“ се вбројуваат геолошките карактеристики на Земјата и дивината. „Природа“ може да се однесува на различни видови на живи растенија и животни, а во некои случаи на процесите што се одвиваат кај неживите објекти.