Nature
Tuesday, April 2, 2013
Човекот и природата
Човекот и природата
Дендрариумот во Сочи е пример за слевање на „природната“ и „вештачката“ средина
Макар што луѓето денес сочинуваат само мал дел од вкупната жива биомаса на Земјата, влијанието на луѓето врз природата е несоодветно големо. Поради опсегот на влијанието од човекот, границите меѓу она што луѓето го сметаат за природа и вештачките средини не се јасни, освен во екстремите. Дури и на екстремите, големината на природна животна средина која не е под влијание на луѓето денес се намалува со многу брзо темпо.
Технологијата развиена од страна на човекот довела до поголемо искористување на природните ресурси и потпомогнала во ублажувањето на некои од ризиците кои потекнуваат од природни непогоди. Меѓутоа, и покрај овој напредок, судбината на човечката цивилизација останува тесно поврзана со промените во животната средина. Постои многу сложена повратна врска меѓу искористувањето на напредната технологија и промените кои настануваат во животната средина, која штотуку се осознава. Заканите врз Земјата кои потекнуваат од луѓето се загадување, обесшумување и хаварии (излевање на нафта и сл.). Луѓето придонеле во истребувањето на многу растенија и животни.
Луѓето ја користат природата за рекреација и економски активности. Употребата на природни ресурси за индустријата останува главна компонента за светскиот економски систем. Одредени активности како лов и риболов се користат како за добивање храна, така и за рекреација од страна на различни луѓе. Земјоделството се појавило во 9-от милениум п.н.е. Дали во сферата на производство на храна или на енергија, природата влијае на економското богатство.
Иако првите луѓе ги собирале некултивираните растенија за храна и ги користеле лековитите својства на вегетацијата, денес најмногу се употребуваат одгледуваните растенија (по пат на земјоделство). Расчистувањето на големи површини земјиште за одгледување на земјоделски култури довело до значително намалување на шумите и мочуриштата, што повлекло (и сè уште повлекува) губење на живеалиштата на многу растителни и животински видови и појава на голема ерозија
Атмосфера, клима и време
Атмосферата на Земјата е клучен фактор во одржувањето на планетарниот екосистем. Тенкиот слој гасови што ја обиколува Земјата се држи на место со помош на гравитацијата на планетата. Сувиот воздух се состои од 78% азот, 21% кислород, 1% аргон и други инертни гасови,јаглерод диоксид итн.; исто така, воздухот содржи и променлива количина на водна пареа. Атмосферскиот притисок се намалува со зголемување на надморската височина. Озонската обвивка на земјината атмосфера има важна улога во намалувањето на ултравиолетвоото (UV) зрачење кое стигнува до површината. Бидејќи ДНК се оштетува од UV зрачењето, ова има за цел заштита на живиот свет на површината. Атмосферата исто така задржува топлина за време на ноќта, со што се редуцираат дневните температурни екстреми.
Времето на Земјата го има исклучиво во долниот дел од атмосферата и служи како спроводен систем за редистрибуција на топлината. Океанските струи се друг важен фактор во одредувањето на климата, особено големото подводно термохалино струење кое ја распространува топлинската енергија од екваторијалните океани до поларните региони. Овие струи помагаат во ублажување на разликите во температурите кои постојат во зима и лето во умерените зони. Исто така, без редистрибуција на топлинската енергија од океанските струи и атмосферата, тропските области би биле многу пожешки, а поларните региони многу поладни.
Времето може да има корисни и штетни ефекти. Временските екстреми (торнадо, ураган, циклон) може да потрошат големи количини на енергија долж нивниот пат на минување и да предизвикаат уништување. Површинската вегетација развила зависност од сезонската променливост на времето, така што ненадејни промени од само неколку години би можеле да имаат драматичен ефект, како на вегетацијата, така и на животните кои зависат од нејзиниот раст поради исхрана.
Климата на планетата е мерка за долгорочните трендови во времето. Познато е дека различни фактори влијаат на климата, меѓу кои се океанските струења, површинското албедо, стакленички гасови, варијации во сончевата светлина и промени во орбитата на планетата. Врз основа на историски податоци, познато е дека Земјата била подложена на драстични климатски промени во минатото, меѓу кои се вбројуваат и ледените доба.
Климата на еден регион зависи од бројни фактори, особено од надморската височина. Појас од надморска височина на површината кој има слични климатски својства образува климатски регион. Постојат многу вакви региони, кои се наоѓаат од тропската клима на екваторот до поларната клима во северните и јужните екстреми. На времето исто така влијаат и ссезоните (годишните времиња) кои се резултат од тоа што Земјината оска е поместена во однос на нејзината орбитна рамнина. Според ова, во дадено време од летото или зимата, еден дел од планетата е повеќе директно изложен на сончевите зраци. Ова изложување се менува како што Земјата врши револуција во својата орбита. Во дадено време, независно од годишното време, северната и јужната полутопка имаат спротивни годишни времиња.
Вода на Земјатa
Водара е хемиска супстанца која се состои од водород и кислород и е неопходна за сите познати форми на живот. Во секојдневието на човекот, поимот „вода“ се однесува само на течната агрегатна состојба, но оваа супстанца исто така се среќава и во цврста агрегатна состојба - мраз - и во гасовита состојба - водна пареа. Водата покрива 71% од површината на Земјата.На Земјата, таа се наоѓа најмногу во океаните и другите поголеми водни басени, со тоа што 1,6% отпаѓа на подземната вода, а 0,001% на воданта пареа, облаците (образувани од цврсти и течни честици вода суспендирани во воздухот) и врнежите.Океаните држат 97% од површинската вода, глечерите и поларните снежни покривки 2,4% а останатите копнени површини (реки, езера и бари) - 0,6%. Дополнително, мала количина на вода се состои во живите организми и преработените производи.
Океани
Океан е голем воден басен со солена вода и главна компонента на хидросферата. Приближно 71% од површината на Земјата (површина од околу 361 милион километри квадратни) е покриен со океан, непрекинат воден басен кој е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Повеќе од половина од оваа област има преку 3000 метри длабочина. Просечната соленост на океанот изнесува околу 35 ppt (3,5%) и приближно целата морска вода има соленост од 30 до 38 ppt. Иако во општи црти се опишуваат како неколу „одделни“ океани, овие води сочинуваат еден светски, поврзан басен од солена вода, често нарекуван и светски океан. Тој е од фундаментално значење за океанографијата.
Големите океански оддели се одредени делумно од континентите, различните архипелази и според други критериуми: овие оддели се (од најголем кон најмал) Тихи Океан, Атлански Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северен Леден Океан. Помалите региони на океаните се познати како мориња, заливи итн. Постојат и солени езера кои претставуваат помали басени на солена вода обиколена од сите страни со копно кои не се поврзани со светскиот океан. Два забележителни примери се Аралското Море и Големото Солено Море.
Езера
Езерата се поголеми вдлабнатини на Земјината површина исполнети со вода, која не е во непосредна врска со океанот. За езера се сметаат оние водни басени кои се подлабоки од бара и кои се напојуваат со вода од река. Природните езера на Земјата најчесто се наоѓаат во планински предели, рифтови зони и области на кои денес има заледување. Други езера се наоѓаат во неистечени басени или долж тековите на големите реки. Во некои области на светот постојат многу езера поради тоа што има неконтролирана дренажа од последното ледено доба. Сите езера се привремени во однос на геолошката временска скала; тие бавно ќе се исполнат со седименти или ќе истечат од басенот во кој се содржат.
Бари
Бара е басен од неистечна вода, било природен или изграден од човекот, кој најчесто е помал од езеро. Барите и езерата се разликуваат од потоците според брзината на струењето. Додека струењето на водата во потоците лесно се набљудува, кај барите и езерата се среќаваме со микроструења на водата кои се придвижени од температурата и со струења придвижени од ветерот.
Реки
Река е природен тек на вода, обично слатководна, која тече кон океан, езеро, море или друга река. Во ретки случаи реката може едноставно да потоне во земјата или целосно да се исуши пред да достигне до друга вода. Водата во реката најмногу потекнува од врнежите, изворите и водата што се топи од ледниците, глечерите и сл.
Вулкани
Вулканите се отвори или пукнатини на земјината кора низ кои магмата избива на површината како лава. Вулканите може да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивните ерупции. Неексплозивните вулкански ерупции, главно, се јавуваат таму каде што плочите на Земјината кора се одвојуваат една од друга. Овие ерупции создаваат многу течна базалтна лава, која брзо се шири низ пространата област и создава релативно рамниконуси. Најјаките ерупции создаваат густа лава и можат да исфрлат во вид на експлозии, облаци од прав и пироконгломерати. Лавата тече непосредно пред да се излади и затоа гради конусни вулкани со стрмни страни. Некои вулкани создаваат лава и ерупции од пепел, што градат сложени вулкански конуси. Вулканите што имаат чести ерупции се наречени активни, а тие што имаат ретки ерупции се нарекуваат заспани и тие што прекинале со еруптирање се наречени угаснати вулкани. Освен вулканите, во други појави поврзани со вулканските региони се и гејзерите, жешките минерални извору, солфатарите, пукнатините во вулканскиот конус од кои избива само чад и пареа и врелите базени со кал.
Вулканска ерупција на вулкан во Гватемала http://zase.mk/video-eruptsija-na-vulkan-vo-gvatemala/
Вулканите се места каде што излегува вжарен карпест материјал од внатрешноста на земјата. Овој материјал понекогаш доаѓа од длабоките зони на кората, каде се стопил како последица на покачување на температурата и притисокот. Во други случаи, стопената маса потекнува директно од внатрешната обвивка. Вулкани нема на сите места, туку само на оние каде активноста за соединувањата (фузија) е посилна затоа што една плоча на кората се урива. Ова се случува, на пример, на сите брегови на Тихиот Океан, каде што кората навлегува под континентите. Во Атлантсиот Океан активноста е многу помала зашто се создава нова кора. Има активни и неактивни вулкани.
Вулкан е отвор, или пукнатина во површината на планетата, или кора која дозволува врели растопени смеси од метали, пепел и гасови да излезат од под површината. Вулканската активност вклучувајки го истиснувањето на карпите (разлевање) има тенденција да формира планини или некакви форми на планини во одреден период на време. Вулканите обично се наоѓаат онаму кај што имаме разделување или судирање на тектонските плочи. Средно - океански гребен, на пример Средно-Атланскиот гребен има примери за вулкани кои се предизвикани од „дивергентни тектонски плочи“ кои се разделуваат, а додека Тихоокеанскиот Огнен Прстен има пример за вулкани кои се предизвикани од „конвергентни тектонски плочи“ кои се судираат. За контраст, вулканите обично не се создадени каде две тектонски плочи се лизгаат една покрај друга. Вулканите истотака може да се формираат онаму кате имаме истегнување и истенчување на земјината кора како кај афричките раседи, изворот на сиво-чистоводните вулкански јазови и јазот на Рио Гранде во Северна Америка, како и јазовите на реката Рајна во Европа со нејзините Ајфелови вулкани. Вулканите истотака можат да бидат предизвикани од „мантилни пера“. Овие тн. жешки точки, на пример Хаваите, можат да настанат далеку од границите на плочите. Жешки точки - вулкани истотака можат да се најдат билокаде во сончевиот систем, посебно на планетите и месечините на кои има многу карпи.
Најопштата форма на вулканот претставува конусната планина, која исфрла лава и отровни гасови од кратерот на врвот. Ова опишува само еден од типовите на вулкани, па и карактеристиките на вулканите кои се повеке комплицирани. Структурата и однесувањето на вулканот зависи од бројни фактори. Некои вулкани имаат грапави врвови формирани од куполи лава, наместо врв и кратер, бидејки некои претставуваат форми на копното, како на пример масивни висорамнини. Каналите од кои излегува вулкански материјал (лава - тоа е магма која излегла на површината), пепел и гасови (најчесто пареа и гасови од магмата), можат да бидат лоцирани билокаде на површината. Повекето од овие канали ги раѓаат помалите вулкански конуси како Пуу Оо на островот Хаваи. Други типови вулкани вклучуваат криовулкани (или ледени вулкани), како повекето од месечините на Јупитер, Сатурн и Нептун и кал вулкани, кои се создадени по пат кој не асоцира на познатите магматски активности. Активните калливи вулкани тежнеат кон помали температури отколку огнените вулкани, освен во случај кога калливиот вулкан е канал од огнен вулкан.
Вулканска ерупција на вулкан во Гватемала http://zase.mk/video-eruptsija-na-vulkan-vo-gvatemala/
Создавање на вулкани
Вулканите се места каде што излегува вжарен карпест материјал од внатрешноста на земјата. Овој материјал понекогаш доаѓа од длабоките зони на кората, каде се стопил како последица на покачување на температурата и притисокот. Во други случаи, стопената маса потекнува директно од внатрешната обвивка. Вулкани нема на сите места, туку само на оние каде активноста за соединувањата (фузија) е посилна затоа што една плоча на кората се урива. Ова се случува, на пример, на сите брегови на Тихиот Океан, каде што кората навлегува под континентите. Во Атлантсиот Океан активноста е многу помала зашто се создава нова кора. Има активни и неактивни вулкани.
Вулкан е отвор, или пукнатина во површината на планетата, или кора која дозволува врели растопени смеси од метали, пепел и гасови да излезат од под површината. Вулканската активност вклучувајки го истиснувањето на карпите (разлевање) има тенденција да формира планини или некакви форми на планини во одреден период на време. Вулканите обично се наоѓаат онаму кај што имаме разделување или судирање на тектонските плочи. Средно - океански гребен, на пример Средно-Атланскиот гребен има примери за вулкани кои се предизвикани од „дивергентни тектонски плочи“ кои се разделуваат, а додека Тихоокеанскиот Огнен Прстен има пример за вулкани кои се предизвикани од „конвергентни тектонски плочи“ кои се судираат. За контраст, вулканите обично не се создадени каде две тектонски плочи се лизгаат една покрај друга. Вулканите истотака може да се формираат онаму кате имаме истегнување и истенчување на земјината кора како кај афричките раседи, изворот на сиво-чистоводните вулкански јазови и јазот на Рио Гранде во Северна Америка, како и јазовите на реката Рајна во Европа со нејзините Ајфелови вулкани. Вулканите истотака можат да бидат предизвикани од „мантилни пера“. Овие тн. жешки точки, на пример Хаваите, можат да настанат далеку од границите на плочите. Жешки точки - вулкани истотака можат да се најдат билокаде во сончевиот систем, посебно на планетите и месечините на кои има многу карпи.
Карактеристики на вулканот
Најопштата форма на вулканот претставува конусната планина, која исфрла лава и отровни гасови од кратерот на врвот. Ова опишува само еден од типовите на вулкани, па и карактеристиките на вулканите кои се повеке комплицирани. Структурата и однесувањето на вулканот зависи од бројни фактори. Некои вулкани имаат грапави врвови формирани од куполи лава, наместо врв и кратер, бидејки некои претставуваат форми на копното, како на пример масивни висорамнини. Каналите од кои излегува вулкански материјал (лава - тоа е магма која излегла на површината), пепел и гасови (најчесто пареа и гасови од магмата), можат да бидат лоцирани билокаде на површината. Повекето од овие канали ги раѓаат помалите вулкански конуси како Пуу Оо на островот Хаваи. Други типови вулкани вклучуваат криовулкани (или ледени вулкани), како повекето од месечините на Јупитер, Сатурн и Нептун и кал вулкани, кои се создадени по пат кој не асоцира на познатите магматски активности. Активните калливи вулкани тежнеат кон помали температури отколку огнените вулкани, освен во случај кога калливиот вулкан е канал од огнен вулкан.
Еруптиран материјал
Друг начин за класифицирање на вулканите е според составот на еруптираниот материјал (лава), бидејки има влијание врз формата на вулканот. Лавата може да се класифицира според 4 различни состави:
Ако еруптираната магма содржи висок процент (>63%) на кварц, лавата се нарекува фелсик. Фелсичките лави (или риолити) имаат тенденција да бидат високо виконтни (не многу течни) и се еруптирани како куполи или како мали смеси. Висконтата лава тежнее да создава стратовулкани или купови лава. Врвот Ласен во Калифорнија е пример за вулкан формиран од кварцна лва и е вусшност голема купола лава.
Бидејќи кварцните магми се толки виконтни, тие тежнеат да ги заробат гасовите со ниски точки на испарување, кои потоа предизвикуваат магмата да еруптира катастрофално, најверојатно формирајки стратовулкан. Пирокластичните смеси (ингимбрит) се високо опасни продукти од таквите вулкани, бидејки се составени од стопен вулканска пепел, кој е претежок да оди горе во атмосферата, па се згушнуваат со нагибите на вулканот и патуваат далеку ов нивните канали за време на големите ерупции. Температури до 1,200 °C се можни во пирокласничните смеси, па ќе запали сè што е запалливо по патот на лавата, а дебелите слоеви на пирокластични смеси се таложат на подолните делови, најчесто формирајки талог неколку метри широк. Долината на десет илјади чадови во Алјаска е пример е формирана од ерупцијата од Новарупта, во близина на Катмаи во 1912 годдина, е пример за широк ингимбридски депозит. Вулканската пепел е доволно лесно за да биде еруптирана високо во Земјината артмосфера и може да патува многу километри пред да падне на земјата како туф.
Ако еруптираната магма има состав од 52% до 63% кварц, лавата е од средни состојки (среден состав). Овие „андезитни“ вулкани можат да се најдат само над зони каде имаме судирање на континентална и океанска плоча. (пр. Мерапи во Индонезија).
Ако еруптираната магма содржи помеѓу 52% и 45% кварц, лавата се нарекува мафик (бидејки содржи високи проценти на магнезиум (Mg) и железо (Fe) или базалтска. Овие лави се вообичаено помалку виконтни за разлика ов риолитските лави, во зависност од нивната ерупциона температура, но сепак имаат тенденција да бидат пожешки отколку фелсичките лави. Мафичките лави се појавуваат под овие опкружувања: На средно-океанските гребени, каде две тектонски океански плочи се разделуваат, базалтската лава еруптира како перници за да ја пополни празнината.
Штитовидните вулкани (пр. Хавајските острови, вклучувајки Мауна Лоа и Килауеја), на две океански или континентални - како континентални примабазалти. Некои ерупции на магма содржат помалку од 45% кварц и даваат ултрамафичка лава. Ултрамафичките смеси, попознати како коматити, се многу ретки, всушност, многу малку се еруптирани од Земјината површина од времето на Протеозоик, кога температурата на Земјините смеси била повисока. Тие се (или беа) најжешките лави и најверојатно најтечните мафички лави.
Два типа на лава се именуван според составот на површината: ʻAʻa и пахоехое), двата со потекло од Хаваите. ʻAʻa е карактеризирана со груба површина и е највисконтата и најтечната лава. Како и да е и базалтски и мафички смеси на лава можат да бидат еруптирани особено ако процентот на ерупцијата е висок и ако нагибот е стрмен. Пахоехое е карактеризирана со мазна и често набрчкана површина и е најмногу формирана од течни лавни смеси. Обично. само мафичките смеси ќе еруптираат како пахоехое, затоа што еруптираат на повисоки температури или имаат соодведни хемиски својства што им дозволуваат на смесите поголема течност.
Вулканска активност
Популарен начин за класифицирање на магматските вулкани е според нивната честота на ерупција, па оние што еруптираат регуларно се викаат активни, а оние што еруптирале во минатото, а сега се тивки се нарекуваат поспани (скриени), а оние кои не еруптирале ниту во минатото се нарекуваат изгаснати. Како и да е, овие популарни класификации - изгасен во поединечна смисла - се практично незначајни за научниците. Тие користат класификации кои се однесуваат на поединечни вулкани за создавачките и еруптирачките процеси и резултираните форми, што е објаснето погоре. Не постои вистински консензус помеѓу вулканолозите за дефинирање на „активен“ вулкан. Животниот век на вулканот може да варира од неколку месеци до повеке милиони години, па правејќи таква разлика е незначајна за разлика од животниот век на луѓето па и цивилизациите. На пример повеќето од Земјините вулкани имат еруптирано неколку пати во последните две илјади години, но моментално не покажуваат знаци на ерупција. Ако ги разгледуваме на подолг период (повеке милиони години) тие се активни, но ако ги гледаме на пократок (човечки живот) не се.
Скриените вулкани е оние кои не се моментално активни (како што е дефинирано погоре), но може да станат немирни или повторно да еруптираат. Може да настане збунување бидејки многу научници сметаат дека некои вулкани се активни, но всушност мислат на скриени. Изгаснати вулкани се оние кои научниците сметаат дека не е можно да еруптираат повторно.Дали некој вулкан е изгаснат е тешко да се утврди. Бидејки супервулканските калдера може да имаат еруптивни животни векови од неколку милиони години, веројатно е да се сметаат за скриени место за изгаснати. Пример е Јелоустонската калдера која е стара најмалку 2 милиона години и не еруптирала отприлика 640000 години, имала хидротермални ерупции од пред 10000 години последен пат и како и смеси на лава од пред 70000 години, сепак не се смета за изгасната бидејки има чести земјотреси и активен геотермален систем
Wednesday, March 27, 2013
Планетата Земја
Земја
Поглед на Земјата; снимката е од 1972 направена од Аполо 17. Оваа снимка е единствена по тоа што покажува целосно осветлена земјина полутопка
Земјата е единствената планета за која денес се знае дека има живот. Нејзините природни одлики се предмет на проучување на многу научни дисциплини. Во сончевиот систем таа е третата најблиска планета до Сонцето; воедно е најголемата земјовидна планета и петтата најголема од сите планети. Нејзини најзабележливи климатски одлики се двата поларни региони, двата релативно тесни умерени појаси, како и широкиот екваторијалентропски и суптропски регион.[ Врнежите се различни во зависност од местото, се движат од неколку метри вода годишно до помалку од милиметар. 71% од површината на Земјата е покриен со соленоводни океани. Остатокот се состои од континенти и острови, при што најнаселена е северната полутопка.
Земјата еволуирала преку геолошки и биолошки процеси кои оставиле траги од првобитните услови. Надворешната површина е поделена на неколкутектонски плочи кои постепено се поместуваат. Внатрешната останува активна, со дебела обвивка од пластична мантија и јадро исполнето со железо кое генерира магнетно поле.
Атмосферските услови се значително изменети од првобитните преку дејството на живите организми] со што се создава еколошка рамнотежа која ги стабилизира условите на површината. И покрај широките регионални варијации во климата со зголемување на географската широчина и други географски фактори, долгорочната просечна глобална клима е доста стабилна за време на интерглацијалните периоди, а варијациите од степен или два на просечната глобална температура имале големи ефекти на еколошката рамнотежа, како и на сегашната географија на Земјата.
Subscribe to:
Comments (Atom)