Tuesday, April 2, 2013

Вулкани

Вулканите се отвори или пукнатини на земјината кора низ кои магмата избива на површината како лава. Вулканите може да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивните ерупции. Неексплозивните вулкански ерупции, главно, се јавуваат таму каде што плочите на Земјината кора се одвојуваат една од друга. Овие ерупции создаваат многу течна базалтна лава, која брзо се шири низ пространата област и создава релативно рамниконуси. Најјаките ерупции создаваат густа лава и можат да исфрлат во вид на експлозии, облаци од прав и пироконгломерати. Лавата тече непосредно пред да се излади и затоа гради конусни вулкани со стрмни страни. Некои вулкани создаваат лава и ерупции од пепел, што градат сложени вулкански конуси. Вулканите што имаат чести ерупции се наречени активни, а тие што имаат ретки ерупции се нарекуваат заспани и тие што прекинале со еруптирање се наречени угаснати вулкани. Освен вулканите, во други појави поврзани со вулканските региони се и гејзерите, жешките минерални извору, солфатарите, пукнатините во вулканскиот конус од кои избива само чад и пареа и врелите базени со кал. 
Вулканска ерупција на вулкан во Гватемала http://zase.mk/video-eruptsija-na-vulkan-vo-gvatemala/


Создавање на вулкани


Вулканите се места каде што излегува вжарен карпест материјал од внатрешноста на земјата. Овој материјал понекогаш доаѓа од длабоките зони на кората, каде се стопил како последица на покачување на температурата и притисокот. Во други случаи, стопената маса потекнува директно од внатрешната обвивка. Вулкани нема на сите места, туку само на оние каде активноста за соединувањата (фузија) е посилна затоа што една плоча на кората се урива. Ова се случува, на пример, на сите брегови на Тихиот Океан, каде што кората навлегува под континентите. Во Атлантсиот Океан активноста е многу помала зашто се создава нова кора. Има активни и неактивни вулкани.

Вулкан е отвор, или пукнатина во површината на планетата, или кора која дозволува врели растопени смеси од метали, пепел и гасови да излезат од под површината. Вулканската активност вклучувајки го истиснувањето на карпите (разлевање) има тенденција да формира планини или некакви форми на планини во одреден период на време. Вулканите обично се наоѓаат онаму кај што имаме разделување или судирање на тектонските плочи. Средно - океански гребен, на пример Средно-Атланскиот гребен има примери за вулкани кои се предизвикани од „дивергентни тектонски плочи“ кои се разделуваат, а додека Тихоокеанскиот Огнен Прстен има пример за вулкани кои се предизвикани од „конвергентни тектонски плочи“ кои се судираат. За контраст, вулканите обично не се создадени каде две тектонски плочи се лизгаат една покрај друга. Вулканите истотака може да се формираат онаму кате имаме истегнување и истенчување на земјината кора како кај афричките раседи, изворот на сиво-чистоводните вулкански јазови и јазот на Рио Гранде во Северна Америка, како и јазовите на реката Рајна во Европа со нејзините Ајфелови вулкани. Вулканите истотака можат да бидат предизвикани од „мантилни пера“. Овие тн. жешки точки, на пример Хаваите, можат да настанат далеку од границите на плочите. Жешки точки - вулкани истотака можат да се најдат билокаде во сончевиот систем, посебно на планетите и месечините на кои има многу карпи.

Карактеристики на вулканот


Најопштата форма на вулканот претставува конусната планина, која исфрла лава и отровни гасови од кратерот на врвот. Ова опишува само еден од типовите на вулкани, па и карактеристиките на вулканите кои се повеке комплицирани. Структурата и однесувањето на вулканот зависи од бројни фактори. Некои вулкани имаат грапави врвови формирани од куполи лава, наместо врв и кратер, бидејки некои претставуваат форми на копното, како на пример масивни висорамнини. Каналите од кои излегува вулкански материјал (лава - тоа е магма која излегла на површината), пепел и гасови (најчесто пареа и гасови од магмата), можат да бидат лоцирани билокаде на површината. Повекето од овие канали ги раѓаат помалите вулкански конуси како Пуу Оо на островот Хаваи. Други типови вулкани вклучуваат криовулкани (или ледени вулкани), како повекето од месечините на Јупитер, Сатурн и Нептун и кал вулкани, кои се создадени по пат кој не асоцира на познатите магматски активности. Активните калливи вулкани тежнеат кон помали температури отколку огнените вулкани, освен во случај кога калливиот вулкан е канал од огнен вулкан.

Еруптиран материјал

Друг начин за класифицирање на вулканите е според составот на еруптираниот материјал (лава), бидејки има влијание врз формата на вулканот. Лавата може да се класифицира според 4 различни состави:
Ако еруптираната магма содржи висок процент (>63%) на кварц, лавата се нарекува фелсик. Фелсичките лави (или риолити) имаат тенденција да бидат високо виконтни (не многу течни) и се еруптирани како куполи или како мали смеси. Висконтата лава тежнее да создава стратовулкани или купови лава. Врвот Ласен во Калифорнија е пример за вулкан формиран од кварцна лва и е вусшност голема купола лава.
Бидејќи кварцните магми се толки виконтни, тие тежнеат да ги заробат гасовите со ниски точки на испарување, кои потоа предизвикуваат магмата да еруптира катастрофално, најверојатно формирајки стратовулкан. Пирокластичните смеси (ингимбрит) се високо опасни продукти од таквите вулкани, бидејки се составени од стопен вулканска пепел, кој е претежок да оди горе во атмосферата, па се згушнуваат со нагибите на вулканот и патуваат далеку ов нивните канали за време на големите ерупции. Температури до 1,200 °C се можни во пирокласничните смеси, па ќе запали сè што е запалливо по патот на лавата, а дебелите слоеви на пирокластични смеси се таложат на подолните делови, најчесто формирајки талог неколку метри широк. Долината на десет илјади чадови во Алјаска е пример е формирана од ерупцијата од Новарупта, во близина на Катмаи во 1912 годдина, е пример за широк ингимбридски депозит. Вулканската пепел е доволно лесно за да биде еруптирана високо во Земјината артмосфера и може да патува многу километри пред да падне на земјата како туф.
Ако еруптираната магма има состав од 52% до 63% кварц, лавата е од средни состојки (среден состав). Овие „андезитни“ вулкани можат да се најдат само над зони каде имаме судирање на континентална и океанска плоча. (пр. Мерапи во Индонезија).
Ако еруптираната магма содржи помеѓу 52% и 45% кварц, лавата се нарекува мафик (бидејки содржи високи проценти на магнезиум (Mg) и железо (Fe) или базалтска. Овие лави се вообичаено помалку виконтни за разлика ов риолитските лави, во зависност од нивната ерупциона температура, но сепак имаат тенденција да бидат пожешки отколку фелсичките лави. Мафичките лави се појавуваат под овие опкружувања: На средно-океанските гребени, каде две тектонски океански плочи се разделуваат, базалтската лава еруптира како перници за да ја пополни празнината.
Штитовидните вулкани (пр. Хавајските острови, вклучувајки Мауна Лоа и Килауеја), на две океански или континентални - како континентални примабазалти. Некои ерупции на магма содржат помалку од 45% кварц и даваат ултрамафичка лава. Ултрамафичките смеси, попознати како коматити, се многу ретки, всушност, многу малку се еруптирани од Земјината површина од времето на Протеозоик, кога температурата на Земјините смеси била повисока. Тие се (или беа) најжешките лави и најверојатно најтечните мафички лави.
Два типа на лава се именуван според составот на површината: ʻAʻa и пахоехое), двата со потекло од Хаваите. ʻAʻa е карактеризирана со груба површина и е највисконтата и најтечната лава. Како и да е и базалтски и мафички смеси на лава можат да бидат еруптирани особено ако процентот на ерупцијата е висок и ако нагибот е стрмен. Пахоехое е карактеризирана со мазна и често набрчкана површина и е најмногу формирана од течни лавни смеси. Обично. само мафичките смеси ќе еруптираат како пахоехое, затоа што еруптираат на повисоки температури или имаат соодведни хемиски својства што им дозволуваат на смесите поголема течност.


Вулканска активност

Популарен начин за класифицирање на магматските вулкани е според нивната честота на ерупција, па оние што еруптираат регуларно се викаат активни, а оние што еруптирале во минатото, а сега се тивки се нарекуваат поспани (скриени), а оние кои не еруптирале ниту во минатото се нарекуваат изгаснати. Како и да е, овие популарни класификации - изгасен во поединечна смисла - се практично незначајни за научниците. Тие користат класификации кои се однесуваат на поединечни вулкани за создавачките и еруптирачките процеси и резултираните форми, што е објаснето погоре. Не постои вистински консензус помеѓу вулканолозите за дефинирање на „активен“ вулкан. Животниот век на вулканот може да варира од неколку месеци до повеке милиони години, па правејќи таква разлика е незначајна за разлика од животниот век на луѓето па и цивилизациите. На пример повеќето од Земјините вулкани имат еруптирано неколку пати во последните две илјади години, но моментално не покажуваат знаци на ерупција. Ако ги разгледуваме на подолг период (повеке милиони години) тие се активни, но ако ги гледаме на пократок (човечки живот) не се.
Скриените вулкани е оние кои не се моментално активни (како што е дефинирано погоре), но може да станат немирни или повторно да еруптираат. Може да настане збунување бидејки многу научници сметаат дека некои вулкани се активни, но всушност мислат на скриени. Изгаснати вулкани се оние кои научниците сметаат дека не е можно да еруптираат повторно.Дали некој вулкан е изгаснат е тешко да се утврди. Бидејки супервулканските калдера може да имаат еруптивни животни векови од неколку милиони години, веројатно е да се сметаат за скриени место за изгаснати. Пример е Јелоустонската калдера која е стара најмалку 2 милиона години и не еруптирала отприлика 640000 години, имала хидротермални ерупции од пред 10000 години последен пат и како и смеси на лава од пред 70000 години, сепак не се смета за изгасната бидејки има чести земјотреси и активен геотермален систем



No comments:

Post a Comment