Tuesday, April 2, 2013

Човекот и природата


Човекот и природата

Дендрариумот во Сочи е пример за слевање на „природната“ и „вештачката“ средина
Макар што луѓето денес сочинуваат само мал дел од вкупната жива биомаса на Земјата, влијанието на луѓето врз природата е несоодветно големо. Поради опсегот на влијанието од човекот, границите меѓу она што луѓето го сметаат за природа и вештачките средини не се јасни, освен во екстремите. Дури и на екстремите, големината на природна животна средина која не е под влијание на луѓето денес се намалува со многу брзо темпо.
Технологијата развиена од страна на човекот довела до поголемо искористување на природните ресурси и потпомогнала во ублажувањето на некои од ризиците кои потекнуваат од природни непогоди. Меѓутоа, и покрај овој напредок, судбината на човечката цивилизација останува тесно поврзана со промените во животната средина. Постои многу сложена повратна врска меѓу искористувањето на напредната технологија и промените кои настануваат во животната средина, која штотуку се осознава. Заканите врз Земјата кои потекнуваат од луѓето се загадување, обесшумување и хаварии (излевање на нафта и сл.). Луѓето придонеле во истребувањето на многу растенија и животни.
Луѓето ја користат природата за рекреација и економски активности. Употребата на природни ресурси за индустријата останува главна компонента за светскиот економски систем. Одредени активности како лов и риболов се користат како за добивање храна, така и за рекреација од страна на различни луѓе. Земјоделството се појавило во 9-от милениум п.н.е. Дали во сферата на производство на храна или на енергија, природата влијае на економското богатство.
Иако првите луѓе ги собирале некултивираните растенија за храна и ги користеле лековитите својства на вегетацијата, денес најмногу се употребуваат одгледуваните растенија (по пат на земјоделство). Расчистувањето на големи површини земјиште за одгледување на земјоделски култури довело до значително намалување на шумите и мочуриштата, што повлекло (и сè уште повлекува) губење на живеалиштата на многу растителни и животински видови и појава на голема ерозија

No comments:

Post a Comment